Наменета е за острење на ракел гуми со голем формат кои се користат при рачно печатење или за машинско печатење (за преси). Високо квалитетна, целосно автоматизирана машина , достапна во четири модели DKTR-260 (димензија на острење 153цм), DKTR-276 (димензија на острење 193цм), DKTR-296 (димензија на острење 244цм) и DKTR-2120 (димензија на острење 305цм). Kutronic машината користи дијамантско острило, кое прецизно го остри ракелот, овозможувајќи подобри перформанси при распределувањето на бојата. Наоѓа широка примена во индустријата на печатење. Вклучува две дијамантски острила и 5 годишна гаранција.
Димензии:
-висина: 157цм
-должина: за секој модел е различна, започнувајќи од 310цм (за DKTR-260) до 370цм (за DKTR-2120)
-ширина: 70цм